Како да се регистрирам?

Регистрацијата на нови корисници се врши во модулот за Регистрација, каде корисникот ги потполнува бараните податоци во формата за регистрација по што добивата известување на внесената емаил адреса дека потребно е да го активира акаунтот.


Ја заборавив лозинката. Што да направам?

Доколку сте ја заборавиле вашата лозинка кликнете на полето Заборавена лозинка, и внесете ги бараните информации. Информација за промена на лозинка ке добиете на вашата e-mail адреса.


Дали треба да се регистрирам секој пат при посета на web сајтот?

Не треба да се регистрирате секој пат при посета на сајтот. За пристап до вашиот профил треба само да се најавите. Основните информации на страната може да се разгледуваат и без најава.


Дали се заштитени моите лични информации?

Ние сме свесни за грижата во врска со откривање на информации, и затоа тимот одговорен за Е-аукциите е целосно посветен на заштита на правата за вашата приватност во заедницата на онлајн електронските аукции.


Дали можам да користам иста е-маил адреса при регистрација за фирма односно физичко лице?

Не, со една е-маил можете да направите или индивидуален профил или профил на фирма за електронски аукции.


Колку изнесува Банкарската Гаранција?

Банкарска Гаранција е во висина од 2% од проценетата цена.


Која цена треба да ја постигне некој продукт за да биде продаден?

За еден предмет да биде продаден, почетната цена треба да биде прифатена или наддадена.


Јас сум личност која би сакала да продаде или даде под закуп деловен простор. Дали е тоа можно?

Продавање или давање под закуп на деловен простор од индивидуални лица не е возможно. Овој веб сајт служи само за продаважба и давање под закуп на деловен простор во сопственост на Република Македонија.